Top Sport

Бен Једер обвинет за силување

Фудбалерот на Монако, Висам Бен Једер e обвинет за „силување, обид за силување и сексуален напад“, а овие злосторства ги извршил на почетокот на јули на Азурниот брег.

Како што соопштија од обвинителството во Ница, 32. годишниот Французин бил ставен под судски надзор и морал „да плати депозит од 900.000 евра“.

Неговиот помлад брат е обвинет за истите злосторства, потврди локалното обвинителство за АФП.

Според извор близок до случајот, наводните жртви се две млади жени од француска националност кои не се од регионот на Ница.

Наводно се се случило на 10. јули за време на една вечер помината во градот Босолеј, кој граничи со Монако, при што браќата Бен Једер ги принудувале девојките на секс.

Бен Једер, кој во сабота го слави својот 33 роденден, кариерата ја започна во Тулуз, а потоа играше за Севилја.

Во април, судот во Севилја го осуди на шестмесечна условна затворска казна и парична казна од 133.798,70 евра за даночно затајување.

Тој игра како напаѓач, а за Монако игра од 2019 година. За француската репрезентација одигра 19 натпревари и постигна три гола.

Scroll to Top