Top Sport

Бен Слиман ќе игра за Тунис против родната Данска

Анис Бен Слиман го избра дресот на Тунис и утре ќе игра против својата родна Данска на својот прв Мундијал. Изјави дека има намера да се докаже како играч, „без страв и жалење“.

„Многу е чудно. Но, да бидам искрен, им кажав на моите пријатели, на сите околу мене дека ако одиме на Светското првенство, ќе бидеме во иста група со Данска“, изјави фудбалерот за „Франс прес“.

Играчот од средниот ред се опишува себеси како дански навивач „секој ден освен денес“.

Слиман е роден во Копенхаген, меѓутоа неговите родители потекнуваат од Тунис. Тој има двојно државјанство и доби повик од Фудбалската федерација на Тунис пред две години.

„Играв за У19 репрезентацијата на Данска, се помина добро и бев многу среќен, а потоа одеднаш добив повик од федерацијата на Тунис“.

Слиман изјави дека се гордее со своето потекло и дека поради тоа го избрал Тунис и дека го исполнил најголемиот сон на неговите родители.

Scroll to Top