Top Sport

Бен Вајт ја напушти англиската репрезентација поради лични причини

Дефанзивецот на Арсенал и на англиската репрезентација, Бен Вајт се вратил дома поради лични причини и нема да биде дел од репрезентацијата за остатокот од Мундијалот, потврдија од англиската ФА. Селекторот Герет Саутгејт нема да може да побара замена поради правилата на ФИФА и ќе може да смета на 25 фудбалери почнувајќи од осминаафиналето во недела против Сенегал.

25-годишниот Вајт беше повикан од Саутгејт по неговата импресивна сезона со „топчиите“ оваа сезона и беше поставен на за него невообичаената позиција на десен бек. Откако Кајл Вокер се опорави од операцијата за да биде стартер против Велс, а достапни му се и Киеран Трипиер и Трент Александер-Арнолд, Вајт не доби шанса да заигра.

Scroll to Top