Милан ја врати предноста од 3 поени пред Наполи и 6 пред Интер, откако на гостувањето на Сардинија стигнаа до важна 1:0 победа над Каљари благодарение на фантастичниот гол на Исмаел Бенасер.
Откако денеска Интер повторно се „сопна“ со 1:1 ремито со Фиорентина, „росонерите“ знаеја дека со само 10 меча до крајот на сезоната, секој поен може да биде клучен.
На дождот во Каљари, тие не успеаја да го скршат отпорот на домаќинот во првото полувреме по двете добри шанси, за во 60. минута, Алжирецот Исмаел Бенасер да постигне фантастичен гол од далечина за да ги обезбеди трите поени за „росонерите“.
За Каљари на Валтер Мацари ова е трет пораз во низа, но уште остануваат над зоната за испаѓање на 17. место со 25 поени, три пред Венеција, која пак има два натпревари помалку.
BUUUUUUUT DE BENNACER QUI DÉLIVRE L’AC MILAN ! ?? pic.twitter.com/wUb3J9CZ3q
— La Vague Verte ⭐️?? (@la_vagueverte) March 19, 2022