Медхи Бенаија го напушти Јувентус, откако во трансфер вреден осум милиони евра се пресели во редовите на Ал-Духаил.
31-годишниот дефанзивец, на почетокот на преодниот рок побарал траснфер, незадоволен од минутажата што ја добивал од тренерот Алегри. Јувентус му ја исполни желбата и му обезбеди богат договорот во редовите на катарскиот шампион.
Бенатија играше за Јувентус од 2017 година, а претходно го носел дресот на Баерн, Рома, Удинезе, Клермон и Марсеј.
На неговото место во тимот ќе пристигне Мартин Ксерес.