Челниците на Бенфика ги демантираат медиумите дека наскоро Единсон Кавани ќе потпише три годишен договор со клубот. Уругваецот е слободен играч откако му испече договорот со ПСЖ.
Бидејќи за неговиот трансфер не е потребно да се плати обесштетување Кавани се поврзува со многу клубови. Сепак изминатата недеела се појавија информации дека тој се договорил со Бенфика.
Португалските медиуми пишуваа дека тој бил на еден натпревар на Бенфика, а неговото семејство го посетило клубот.
„Бенфика ги отфрла медиумските извештаи кои со нашиот клуб поврзуваат разни играчи. Информацијата за Кавани е лажна вест. Во моментов сме фокусирани само на финалниот меч во Купот на Португалија“, соопшти португалскиот клуб.
Кавани изминатите седум години ги мина во ПСЖ каде стана најдобриот стрелец во клупската историја, претходно играше во Наполи и Палермо.