Top Sport

Палермо се наоѓа пред банкрот

Фудбалскиот клуб Палермо се соочува со банкрот. Оваа информација ја објавија италијанските медиуми, откако пропаднале преговорите за преземање на клубот со Рафаело Фолиери.

На Палермо сезонава добро му оди во Серија Б, се наоѓа на второто место на табелата, меѓутоа резултатите поради лошата финансиска ситуација.

Италијаните пишуваат дека клубот се соочува со банкрот доколку наскоро не ги подмири обврските кон играчите, меѓу кои се и македонските репрезентативци Алексанрад Трајковски и Илија Несторовски.

Лошите денови за клубот започнаа откако претседателот Маурицио Ѕампарини заврши во куќен притвор под обвинение за перење на пари и финансиски измами.

Scroll to Top