Top Sport

Швеѓанката Банушиќ со гол за „Пушкаш“ во италијанскиот шампионат

Во женската Серија А, на мечот помеѓу Рома и Интер (4:3), Швеѓанката со хрватско потекло, Марија Банушиќ постигна гол кој сигурно ќе биде меѓу кандидатите за изборот на „Пушкаш наградата“ за најдобар гол во 2021.

„Не можеше да биде подобро за деби гол“, напиша Банушиќ на Твитер.

Рома е на четвртото место во женската Серија А со 28 поени, додека Интер е само на осмото место. Јувентус се доминантни со максимални 16 победи во 16 меча.

Scroll to Top