Освојувачот на „Златната топка“, француската суперѕвезда Карим Бензема признава дека неговата религија била една од причините поради која по заминувањето од Реал Мадрид се приклучи на саудискиот клуб Ал-Итихад.
35-годишниот напаѓач ќе заработува астрономски 200 милиони по сезона на Блискиот Исток, но вели дека има повеќе причини за оваа преселба.
„Зошто дојдов во Саудиска Арабија? Па, бидејќ сум муслиман, а ова е муслиманска земја во која секогаш сум сакал да живеам“, вели Бензема.
Слично како неговиот поранешен соиграч од Мадрид, Кристијано Роналдо, и Бензема гледа огромен потенцијал во Судиската Про лига.
„Подготвен сум да го покажам мојот талент во овој нов предизвик, бидејќ во оваа лига има големи имиња како Кристијано Роналдо. Важно е да се покаже дека саудискиот фудбал може да има глобално влијание, бидејќи целта е да се игра на ист начин како кога играв за Реал Мадрид. Роналдо е мој пријател и тој е тука, нешто што е прекрасно да се види. Тој претставува нова ера во фудбалот во оваа земја“, вели Бензема