Реал Мадрид на Карло Анчелоти ја забележаа својата петта победа во низа во Ла лига, победувајќи ги Атлетик Билбао со 1:0 за да се одвојат на седум поени на врвот на табелата, а повторо херој на тимот беше миленикот на публиката, Карим Бензема.
Бензема во 40. минута од мечот постигна гол по убавата топка која ја доби од Лука Модриќ, што беше негов 12. гол во Ла лига оваа сезона (вкупно 17 во сите натпреварувања), со што е најдобар стрелец во шпанското првенство. Публиката на „Сантијаго Бернабеу“ одговори на неговиот гол со скандирање „Балон де оро“, односно Златна топка, алудирајќи на наградата која во понеделникот ја доби Лео Меси.
Реал сега по 15 меча имаат 36 поени, дури седум пред Атлетико Мадрид (со 14 меча) и Севилја (со 15 одиграни меча).