Top Sport

Бензема: Горд сум што се враќам во репрезентацијата

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема кој сезонава игра во врвна форма се најде на списокот на селекторот на Франција, Дидие Дешам за претстојното Европско првенство.

Бензема се враќа меѓу „галските петли“ по пауза од 6 години откако беше исфрлен од селекцијата по информациите дека со порно снимка го уценувал колегата во селекцијата – Метју Валбуена.

Дешам одлучи да премине преку се и повторно Бензема да го врати во нападот на француската репрезентација.
Фудбалерот порача дека е горд што повторно ќе игра за Франција.

„Горд сум што се враќам во селекцијата на Франција и што ми укажаа доверба. Им благодарам на моето семејство, на клубот, на пријателите и на сите кои ме поддржуваа и ми даваа сила секој ден“ напиша голгетерот на социјалните мрежи.


Селекторот на „Триколорите“, Дидие Дешам смета дека Франција е најважна, па поради тоа се одлучил на ваков помалку неочекуван потег:

Дешам за помилувањето на Бензема: Не е важно што мислам јас, Франција е најважна

Scroll to Top