Top Sport

Бензема ќе добие нов договор

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид ќе го продолжи договорот со францускиот интернационалец Карим Бензема.

Според шпанските медиуми Бензема ќе добие договор до јуни 2022 година и значително зголемување на платата. Со актуелниот договор Бензема годишно заработува 13 милиони евра.

Бензема е во Реал од 2009 година, одиграл 331 натпревар и постигнал 160 гола.

Французинот игра одлично во изминатите 18 месеци откако од клубот си замина Кристијано Роналдо. Во овој период Бензема одиграл 79 натпревари, постигнал 58 гола и забележал 18 асистенции.

Scroll to Top