Top Sport

Ериксен од понеделник во Интер

Интер го договориле трансферот на играчот на Тотенхем, Кристијан Ериксен. Данецот самиот изразил желба да го напушти северен Лондон. Трансферот бил договорен синоќа во Милано на вечера помеѓу челниците на спортските сектори на двата клуба.

Наводно Интер со Ериксен ќе потпишат петгодишен договор вреден осум милиони евра по сезона.

За трансферот Интер ќе платата 18 милиони евра.

Италијанските медиуми пренесуваат дека интер го добиле Ериксен во „минута до 12“, бидејќи во меѓувреме и од Барселона пројавиле интерес за неговите услуги. Се шпекулира дека Барселона испратиле понуда, но Ериксен не сакал да го погази зборот што им го дал на Интер.

Трансферот на Данецот на „Џузепе Меаца“ треба да биде официјализиран в понеделник.

Scroll to Top