Top Sport

Нема поголем малер од Марко Ројс – Капитенот на Дортмунд се повреди пред СП во Катар

Борусија Дортмунд победи против Шалке во дербито на Рур. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Јусуф Мукоко во 79. минута на асистенција на Мариус Волф.

Победата на „милионерите“, остана во сенка на повредата со која се здоби капитенот Марко Ројс. Тој во 29.минута на носилки беше изнесен од теренот.

Клубот не се огласи за да открие каков е степенот на повредата, но на прв поглед таа изглед сериозно. Некои германски медиуми шпекулираат дека за него оваа сезона е завршена. Сето ова се случува на два месеци до почетокот на Светското првенство.

Можно е Рој да не биде меѓу патниците за Катар. Ова само потврдува дека Марко Ројс е најмалерозниот фудбалер на денешницата.

Поради повреди пропушти четири од последните пет големи натпреварувања. Повредите го спречија да биде учесник на Европските првенства во 2012, 2016 и 2021 година и Светското првенство во 2014 година кое го освои Германија.

 

Scroll to Top