Во финалето на Светското првенство во Катар во недела на 18 декември ќе се сретнат бранителот на титулата Франција и Аргентина. Двете репрезентации имаат можност да дојдат до третата светска шампионска титула во историјата.
Франција и покрај проблемите со повредите, успеа да дојде до финалето. На турнирот ги нема Погба, Канте, Кимпембе, Мењан, Нкунку и секако Карим Бензема (34), најдобриот играч на Реал Мадрид и актуелен освојувач на Златната топка. Напаѓачот на Реал се повреди ден пред почетокот на Светското првенство.
Откако ја обнови повредата на бутниот мускул, тој се врати во Мадрид, а селекторот Дидие Дешам, реши да не повика друг играч на неговото место. Новинарот Сеџи валентин, тврди дека кога ја обновил повредата, Дешам му рекол на Бензема.
„Штата е што мораш да се вратиш дома“.
Пред неколку дена се појави информација дека Бензема би можел повторно да му се приклучи на националниот тим, па дури и да игра во финалето, но кога селекторот Дидие Дешам го прашаа дали е тоа можно, тој одби да одговори.
Didier Deschamps says he "prefers not to answer" a question about a report that Karim #Benzema is rejoining the France squad ahead of the final.
🤐#FIFAWorldCup pic.twitter.com/HqIbJSh3Gw
— Juliet Bawuah (@julietbawuah) December 15, 2022
„Никогаш не сум се откажал во мојот живот, но сега, како и секогаш, морам да размислувам за доброто на тимот. Разумот ми вели да го отстапам моето место на некој што може да ни помогне да имаме одлично Светско првенство. Благодарам за пораките за поддршка“, се огласи Бензема преку Инстаграм кога стана јасно дека ќе го пропушти турнирот поради повреда на квадрицепсот.
Шпанскиот портал Либертад тврди дека Бензема не си заминал доброволно од Катар, туку дека Дешам го избркал и дека напаѓачот е бесен на селекторот. Според нивните информации, по напуштањето на таборот на репрезентацијата, Бензема бил на само тридневна терапија кај клупските лекари во Мадрид, по што бил подготвен.
Нивната информација ја поткрепува и тоа што вчера, односно три дена пред финалето на СП, Бензема играше за Реал на тренинг-натпревар против Леганес. Неговата повреда се чини не е толку сериозна како што се мислеше, но ѕвездата на Реал Мадрид ќе остане без медал од најпрестижниот турнир. Според информациите на Либертад, тој нема да дојде во Катар да ги бодри своите сонародници од трибините.