По низата лоши резултати Ал-Итихад го отпушти португалскиот тренер Нуно Еспирито Санто.
Актуелниот шампион на Саудиска Арабија, загуби во азиската Лига на шампиони од Ал-Кува Ал Џавија (2:0), што беше капкаа што ја прели чашата.
Јавна тајна е дека за отказот на Санто придонесе и тоа што не беше во најдобри односи со првата ѕвезда на тимот, Карим Бензема.
Ал-Итихад моментално е шести во шампионатот на Саудиска Арабија и веќе заостанува 11 бода зад лидерот Ал-Хилал.
Еспирито Санто е на клупата на овој клуб од јули 2022 година. Претходно тој раководеше со Вулверхемптон четири сезони, пред тоа со Тотенхем, само четири месеци.
На негово место тимот ќе го води неговиот поранешен помошник Хасан Калифа, додека клубот не најде ново трајно решение.