Top Sport

Бензема се откажа од жалбата за случајот со секс-лентата на Валбуена

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема се откажа од жалбата за условната казна затвор од една година и казната од 75.000 долари за учеството во уцената на неговиот поранешен соиграч од француската репрезентација, Матју Валбуена со секс-лента, потврди неговиот адвокат.

Бензема беше осуден во ноември 2021 за случајот од 2015 со обид за уцена кој го потресе францускиот фудбал и придонесе тој да биде исфрлен од репрезентација повеќе од пет години. Неговиот адвоката, Иг Вижие за „АФП“ изјави дека тој се откажува од жалбата бидејќи е „исцрпен“ од судскиот процес.

Бензема беше еден од петте луѓе кои беа на суд за неуспешниот обид да го уценат Валбуена со секс-видео украдено од неговиот авион. Тој не беше обвинет дека е дел од групата која го уценувала Валбуена, туку дека помагал со вршење притисок на Валбуена да ја исплати сумата. Бензема постојано тврдеше дека е невин, но беше исфрлен од француската репрезентација пред изненадувачкиот камбек во тимот на Дидие Дешам пред Европското првенство минатата година.

Scroll to Top