Top Sport

Дешон Стивенсон го продава НБА-шампионскиот прстен

Дешон Стивенсон, стартерот на шампионската генерација на Далас маверикс од 2011 година, го продава својот шампионски прстен, и засега последната понуда е скромни 37.901 долар.

Маверикс во 2011 година стигнаа до првата шампионска титула предводени од Дирк Новицки, победувајќи ги Мајами хит на Леброн Џејмс со 4:2. По ова газдата на клубот, Марк Кјубан плати 1.4 милиони долари за шампионските прстени, во кои има 130 дијаманти со вкупна вредност од 2.75 карати.

Scroll to Top