Top Sport

Бензема се враќа во тимот на Реал

Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема се опорави од повредата и е подготвен за мечот од седмото коло од Примера против Осасуна, соопшти неговиот клуб.

Францускиот напаѓач беше надвор од терените повеќе од три недели поради повреда на тетивата. Бензема одлично ја започна оваа сезона, одигра шест натпревари и постигна четири гола.

„Се чувствувам добро и со нетрпение го чекам натпреварот во недела. Денес беше мојот прв тренинг. Деновиве вежбам многу трчање и тренинзи за сила во затворен простор. Тренирав и дома. Имаме одличен тим, иако може да се каже дека всушност имаме два тима. Нема разлика помеѓу играчите кои ја започнуваат играта и оние кои ја завршуваат. Знаеме во нашите глави дека мора да победуваме на секој натпревар. Секој натпревар е важен“, изјави Бензема.

Реал во недела од 21 часот ја пречекува Осасуна.

Scroll to Top