Top Sport

Руд испадна во Сеул, Надал се враќа на второто место на АТП листата

Норвежанецот Каспер Руд во четвртфиналето го заврши учеството на АТП турнирот во Сеул. Во моментов светскиот број 2, доживеа шокантна елиминација од Јапонецот Јошихито Нишиока (2:6, 6:3, 2:6).

dobivaj vesti na viber

Овој изненадувачки пораз на вице-шампионот на Ју-ес опен и Ролан Гарос има импликации за врвот на АТП листата. Тенисерот од Осло втората позиција ќе му ја препушти на Рафаел Надал.

Тоа значи дека за прв пат по 2000 година двајцата најдобро рангирани тенисери во светот ќе бидат од иста земја, Карлос Алкараз и Рафаел Надал. Пред 22 години тоа им се случи на Американците, Андре Агаси и Пит Сампрас.

Нишиока по речиси два часа тенис ја оствари една од најголемите победи во кариерата со резултат 6:2, 3:6, 6:2, а следниот противник на 56. играч во светот ќе биде подобар од одиграниот дуел. од Американците Мекензи Мекдоналд и Александар Ковачевиќ.

Scroll to Top