Поминаа речиси три години откако Карим Бензема последен пат беше дел од француската репрезентација по конфликтот со селекторот Дидие Дешам, но сепак, напаѓачот на Реал Мадрид собра храброст и честиташе на своите поранешни соиграчи за најголемиот успех, светската титула.
Бензема е исклучен од Франција по скандалот со уценување на неговиот поранешен соиграч Матју Валбуена со секс-лента на крајот на 2015 година, и иако беше ослободен од сите обвиненија, тој останува надвор од селекцијата на Дешам.
„Браво момци. Светски шампиони“, напиша Бензема на Инстаграм.