Манчестер сити потврдија дека го суспендираат дефанзивецот Бенжамин Менди, откако полицијата во Чешир потврди дека тој има четири обвиненија за силување и едно обвинување за сексуален напад, во инциденти кои се случиле од октомври 2020 до август 2021.
27-годишниот француски репрезентативец е приведен од полицијата и ќе треба да се појави пред суд веќе во петок.
Сити го купија Менди од Монако во 2017 година за тогаш рекордни за дефанзивец, 50 милиони фунти и оттогаш тој има 50 настапи за „граѓаните“.
Club statement.
— Manchester City (@ManCity) August 26, 2021