Top Sport

Виндингстад до деби победа на паралелниот велеслалом во Алта Бадија (видео)

Норвежанецот Расмус Виндингстад стигна до своајта прва победа во Светскиот куп во алпско скијање, откако на ноќната трка во паралелен велеслалом во Алта Бадија го совлада Германецот Штефан Лујц за 0.41 секунди.

Необичните трки во кои двајца скијачи одат директно еден против друг на скратени патеки за велеслалом со возења од 20-тина секунди честопати носат изненадувачки победници. Ова беше шести топ 10 пласман за Виндингстад и втор подиум по второто место во велеслаломот во Крањска Гора минатата сезона.

Австриецот Роланд Лајтингер го совлада сонародникот на Виндингстад, Леиф Кристијан Нестволд-Хауген за третото место. Лидерот во генерален пласман, Хенрик Кристоферсен беше седми.

Светскиот куп останува во Италијa за два спуста и алпска комбинација во Бормио од петок до недела.

Scroll to Top