Англискиот второлигаш, Стоук сити ја разгледува опцијата да го отпушти Саидо Бераино, откако се налутиле поради лагата дека е болен, а во исто време тој беше уапсен поради возење во алкохолизирана состојба.
Бераино, еден од фудбалерите од кои Англичаните имаа огромни очекувања, има договор со клубот до 2022 година, до кога треба да заработи 6 милиони фунти, а во клубот знаат дека нема да добијат слична сума ако го постават на пазарот, така што логиката вели дека е подобро да платат отштета.
25-годишниот Бераино беше уапсен во понеделникот во 3 часот наутро и на полицајците им се правдал дека бегал од банда која му го украла часовникот. Полицајците му дале казна за возење во алкохолизирана состојба и тој треба да се појави на суд на 6 март.