Top Sport

Бербатов: Кога ќе стоиш во тунелот со Роналдо и Руни добиваш ерекција!

Димитар Бербатов се врати во Бугарија по завршувањето на договорот со индискиот клуб Керала Бластерс и во интервју за бугарската „Нова ТВ“ призна дека е можно да се повлече од фудбалот ако не најде нов тим.

Во деталното интервју, тој исто така зборува за деновите кога беше во Манчестер јунајтед, признавајќи дека било огромно задоволство да се игра со фудбалери како Кристијано Роналдо, Вејн Руни и Рио Фердинанд.

„Кога ќе застанеш во тунелот до Роналдо, Руни, Рио… А потоа излегуваш на полниот стадион, веднаш добиваш ерекција. Играњето за Јунајтед беше награда за цела моја кариера“, признава Бербо.

Тој признава дека не сака да се повлече од фудбалот, но дека мора да најде клуб до летото.

„Ако и ова лето немам тим кој би сакал да играм, кариерата ќе ми заврши. Никој фудбалер не е подготвен за такво нешто. Кога си заминуваш од фудбалот, еден мал дел од тебе умира“, објаснува Бербатов.

Scroll to Top