Top Sport

Бунасер победи во Виена, светскиот рекордер Кимето не заврши

Мароканецот Салахедин Бунасер е изненадувачки победник на маратонот во Виена, додека проблемите на светскиот рекордер, Денис Кимето  продолжуваат, откако тој не ја заврши трката.

Бунасер победи со време од 2:09:29, откако се одвои заедно со Кениецот Ишмаел Бушендич во близината на стадионот „Ернст Хапел“. Двајцата беа блиску еден до друг до 39-тиот километар, кога Бунасер влезе во напад. Бушендич беше втор со 2:10:03 пред уште еден Кениец, Самвел Масваи.

Кимето, чиј рекорд од 2:02:57 од Берлин 2014 уште е актуелен, се обидуваше да се врати во форма по проблемите со повредите, но 34-годишниот Кениец повторно не заврши. Тој последен пат заврши во Лондон во 2016 година.

Scroll to Top