Герет Бејл изминатите две недели се поврзува со трансфер во Њукасл Јунајтед. Овој тим наскоро треба да добие нов сопственик, саудискиот принц Бин Салман кој најави големи инвестиции во екипата.
Бејл не е во преден план кај тренерот на Реал Мадрид, меѓутоа поради високата плата нема намера да го напушти Мадрид додека е под договор со клубот. Велшанецот би заминал само во случај некој да му понуди годишна плата од 17 милиони евра.
„Уморен сум од шпекулациите околу иднината на Бејл. Тој има свој менаџер и доколку тие двајца велат дека Мадрид е вистинското место тогаш не е важно што велат другите“, рекол Димитар Бербатов и дополнил.
Постојат шпекулациите дека Њукасл ќе го донесе Бејл. Тој е играч на реал долги години, освоил многу трофеи. Со должа почит не можете да ги споредувате Њукасл и Реал“.
Медиумите шпекулираат дека покрај Њукалс интерес за Велшанецот има кај Тотенхем, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен.