Шведскиот репрезентативец, Маркус Берг, дал неодговорна, скандалозна и за многумина глупава изјава, по победата на неговата репрезентација над Турција (1:0), во Ескишехир.
За шведските медиуми, Берг, ги открил деталите од разговорот со романскиот судија Иштван Ковач на полувремето од овој натпревар. Токму тој разговор ги поттикна сомнежите околу конечниот резултат.
„Протестирав бидејќи во првото полувреме не ни досуди пенал. Тој ми рече дека ќе ја прегледа снимката и доколку се покаже дека сум бил во право, дека во второто полувреме ќе ни досуди два пенали“, рекол Берг.
Она што може да биде лошо за Берг и Ковач е шт судијата во 71.минута, токму поради прекршок врз напаѓачот досуди пенал за Шведска. Гранквист потоа го постигна единствениот гол на натпреварот.