Top Sport

Берисо ги посети своите играчи, вечерва на клупата? (видео)

Тренерот на Севилја, Едуардо Берисо го посети својот тим во четвртокот, две недели откако имаше операција за рак на простатата, и се очекува Аргентинецот да биде на клупата за денешниот меч против Леванте.

Болеста на Берисо беше објавена по неверојатниот кам-бек на Севилја за 3:3 реми со Ливерпул минатиот месец, откако неговиот тим губеше со 0:3 на полувреме. Ернесто Маркучи беше негов заменик.

„Тренерот ги изненади играчите со тоа што им се појави во соблекувалната за да има тимски разговор, по што водеше една тактичка сесија на теренот“, се вели во соопштението на тимот.

Севилја се на петтото место во Ла лига со 28 поени, 11 помалку од лидерот Барселона.

Берисо на полувремето им открил на играчите дека има рак

 

Scroll to Top