Силвио Берлускони не се откажува, добро е познато дека верува дека е тактички гениј, не само кога е политиката во прашање, туку и фудбалот.
Имено, поранешниот италијански премиер, сега сопственик на Монца, го презеде клубот пред четири години и за прв пат тимот влезе во Серија А.
Монца сезоната ја почна со три порази, синоќа на домашен терен загубија од Удинезе,
Берлускони, по натпреварот имал забелешки за судијата Ди Бело, но за тренерот на неговиот тим Стропа.
„Имаа 12 играчи“, алудираше Берлускони на судијата Ди Бело, а потоа го критикуваше тренерот Стропа.
„Тој е со нас, ќе видиме што ќе се случи, мораме подобро, да се вратиме на принципите на нашата игра“, вели Берлускони.
Тој ги посетил играчите пред натпреварот и им ја објаснил тактиката.
„Им реков да ги задржат двајцата напаѓачи на противничката половина, тоа не се случи, тие се враќаа назад, па нашиот голман немаше кого да гаѓа со долги топки, не можевме да ја искористиме брзината и празниот простор. Наместо тоа, моравме да играме преку дефанзивците и играчите од средниот ред, наместо да ја скокаме средината со долги топки, како што се договоривме“, вели Берлускони.
Се чини дека добро го скаутирал Удинезе, но како што вели играчите не го послушале.
„Им реков да останат блиску до нивните напаѓачи, да не дозволат да ја примаат топката, ништо од тоа не направија, затоа загубивме“, изјави газдата Монца.