Поранешниот газда на Милан, а сега прв човек на Монца, Силвио Берлускони доби уште една битка, овојпат надвор од фудбалскиот терен, откако беше ослободен во судењето за корупција во случај со малолетна проституција поради недостаток на докази.
Берлускони, кој е лидер на партијата Форца Италија, беше обвинет дека подмитил 24 сведоци со присуство на славните „Бунга-бунга“ забави во неговата вила во Рим за тие лажно да сведочат во претходно судење во кое беше обвинет дека плаќал со секс со 17-годишна проститутка. И во тој случај, тој беше ослободен.
Берлускони неодамна повторно беше во центарот на вниманието откако на фудбалерите на Монца во соблекувалната им вети „автобус полн со проститутки“ доколку победат некој од традиционално големите италијански клубови. Монца потоа стигнаа до славна победа на гости кај Јувентус.