Top Sport

Бернардо Силва ја продолжи „војната“ со фановите на Ливерпул

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Бернардо Силва влезе во „војна“ на Твитер со навивачите на Ливерпул.

По се изгледа Силва не можел повеќе да ги премолчува шегите на сметка на неговиот клуб од елиминацијата во четвртфиналето на ЛШ од аутсајдерот Лион, па реши да возврати.

По „сеирџиските“ коментари, следуваше негов твит:

„Изгледа дека читањето книги е премногу за вас… Може само да излезете на пиво“ напиша тој.


Прашање е дали со ова ќе им „ја затне устата“ на критизерите или уште повеќе ќе ги осоколи во нападите кон него и неговиот клуб.

Scroll to Top