Top Sport

Бернардо Силва најави заминување од Манчестер Сити?

Бернардо Силва не е сигурен за својот понатамошен престој во Манчестер Сити. Португалецот летово беше блиску до преселба во Барселона, но Сити побара премногу пари и трансферот не се случи.

„Во јуни ќе видиме што е најдобро. Фокусиран сум на проектот на Манчестер Сити. Договорот ми истекува кога ќе имам 31 година. Не сакам да кријам дека мојата цел во наредните години може да биде надвор од Манчестер, доколку се појави добра понуда и атрактивен проект на некој голем клуб“, изјави Бернардо Силва.

Каталонците неодамна објавија дека Бернардо Силва веќе не е приоритет, бидејќи Барса нема да има пари да инвестира во средниот ред. Наводно, Чави како приоритет ги поставил бековските позиции, бидејќи е јасно дека времето на Жорди Алба полека, а само Серхи Роберто останува на десната страна, бидејќи Белерин нема да добие нов договор.

Scroll to Top