Top Sport

Бернардо Силва од Сити се сели во Барселона

Барселона и Манчестер сити постигнале договор околу Бернардо Силва. Португалецот наскоро ќе стане нов играч на „блауграна“, пренесува новинарот Жерар Ромеро. Барселона не запира на трансфер пазарот и покрај тоа што се уште не ги регистрирала новите играчи.

Пред неколку недели медиумите пишуваа дека Сити ќе го продаде Силва за 80.000.000 евра, но според Ромеро сумата е значително помала. Барса за Португалецот ќе плати 50 и 55.000.000 евра.

Брилијантниот 27-годишен фудбалер веќе ги договорил личните услови со Каталонците, а клучна улога во преговорите има неговиот агент Жорге Мендеш, кој сакал неговиот клиент од Манчестер да се пресели во Блауграна, иако неговиот договор со Сити истекува во 2025 година.

Силва е во Сити од 2017 година, тој беше еден од клучните играчи во тимот на Пеп Гвардиола и со „граѓаните“ освои четири титули во Премиер лигата.

Доаѓањето на Бернардо Силва во Барса не значи дека Френки де Јонг дефинитивно ќе го напушти „Камп Ноу“.

Scroll to Top