Top Sport

Пари од обложувачка мафија во Турција завршиле во Македонија

Турската полиција, како што објавија медиумите во земјата, разбила обложувачка мафија наречена „Тотобо“. За една година групата остварила приход од 1.000.000.000 лири (55.000.000 евра). Трансакциите групата ги вршела во три земји: Турција, Германија и Македонија.

По истрагата која траела осум месеци, полицијата покрај водачот на групата уасила уште 58 лица.

Полицијата ги следела сметките на криминалците. Парите, во суми од 10.000 до 15.000 евра, биле префрлани на сметки на нивни роднини. Потоа парите ги претворале во криптовалути кои завршувале во Македонија.

Според истрагата дел од парите оделе и за финансирање на терористичка организација. Според турските медиуми, акцијата се уште не е завршена.

Scroll to Top