Top Sport

Бернардо Силва сака да го напушти Сити и да се пресели во Барселона

Фудбалерот за врска на Манчестер Сити, Бернардо Силва, сака да ја продолжи кариерата во Барселона. Според каталонскиот медиум „Спорт“, Португалецот го задолжил својот агент Жорге Мендеш да го реализира неговиот трансфер на „Камп Ноу“ ова лето.

Бернардо Силва разговарал и со менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, и нему му ја открил својата намера.

Барселона исто така многу го сака Бернардо Силва во своите редови, но свесни се дека таков трансфер нема да биде нималку лесна задача. Фудбалерот од средниот ред има договор со Сити до 2025 година, а минатата сезона беше клучен играч во селекцијата на Гвардиола, одигра дури 50 официјални натпревари, постигна 13 гола и имаше седум асистенции.

Манчестер Сити сака отштета од 100 милиони евра за 27-годишниот Бернардо Силва. Каталонците се надеваат дека ќе можат да ја спуштат цената на околу 60 милиони евра. Пресврт може да биде и евентуалниот трансфер на Френки де Јонг во Манчестер Јунајтед.

Scroll to Top