Top Sport

Бернардо Силва се прости од навивачите на Сити и најави трансфер

Играчот за врска на Манчестер Сити, Бернардо Силва, по се изгледа испрати проштална порака до навивачите на овој клуб со која потврдува дека се е договорено околу неговиот трансфер во Барселона.

Сагата околу Бернардо, кого Пеп Гвардиола многу го цени и сака да го користи, трае веќе неколку недели, но Португалецот очигледно е подготвен за нов предизвик. Во пораката на Бернардо Силва до навивачите на Манчестер Сити се вели и дека наскоро ќе следи разделба. Најверојатно мечот со Борнмут беше последен за одличниот играч за врска на „Етихад“.

„Одличен настап на тимот и фантастична атмосфера. Би сакал да им се заблагодарам на сите на стадионот за сите убави моменти и љубовта што ми ги покажаа“, напиша Бернардо на својот Твитер профил.

Релевантни извори од Шпанија нагласуваат дека договорот е постигнат, истакнувајќи дека Бернардо е „луд“ за преселба во Барселона. Предвидено е следната недела да дојде во Каталонија за да ја разгледа куќата во која ќе се всели, а потоа ќе следи потпишувањето на договорот и промоцијата во Барселона.

Scroll to Top