Берзанските движења (акциите) конкретно за Манчестер јунајтед даваат најдобар одговор на прашањето зошто клубовите сакаат да се „откачат“ од УЕФА и да направат свое натпреварување.
Пред три дена, кога беше јасно дека ќе се формира Суперлигата, цената на акциите на „црвените ѓаволи“ од 16,17 долари скокнаа на 17,60, што веднаш ја зголеми вредноста на клубот за околу 200 милиони долари.
Сепак, синоќешните случувања откако стана јасно дека нема ништо од формирањето на Суперлигата (барем засега) направија нова промена на берзата.
Акциите на Јунајтед наеднаш паднаа на истото ниво како и пред некој ден, дури и пониско.
Ако е точно тоа што го пишува шпански „Мундо депортиво“, англиските клубови сепак најдобро ќе поминат. Шпанскиот весник пишува дека УЕФА им дала огромни пари на Премиерлигашите за да ја напуштат Суперлигата.