Top Sport

Бесен шпански новинар бараше Реал веднаш да му дадат отказ на Бејл

Односите на Герет Бејл со навивачите на Реал Мадрид и посебно со шпанските медиуми блиски на „кралскиот клуб“ никогаш не биле најдобри, но сега очигледно доаѓа до точка на вжештување, откако Велшанецот вчера постигна два фантастични гола за 2:1 победа над Австрија и пласман во финалето на баражот за СП.

Откако пред некој ден угледната „Марка“ го нарече Бејл „паразит кој само цица пари и крв“, сега, новинарот на „Ел чирингито“, Кристобал Сорија влезе во помалку смешно „топење“ на ТВ преносот, барајќи „кралевите“ да го отпуштат.

„Тој гази на клубот, а вие велите, тоа е тоа. Кое? Треба да си замине. Мора да го отпуштите. Ќе продолжи да покажува непочитување кон грбот и кон институцијата. А вие сакате да чекате до јуни? Боже мој! Како мислите не можат да го отпуштат? Каде го пишува тоа, покажете ми. Ќе му пплатат? Ќе му платат и во јуни. Барем нема да ни се смее на сите тука, на сите во соблекувалната и на тренерот“, вреска Сорија.

Бејл има 4 настапи за Реал Мадрид во Ла лига оваа сезона. Тој во кариерата освои четири титули од Лигата на шампионите со Реал и две титули од Ла лига.

Scroll to Top