Top Sport

Сантош се смири со цигара по победата над Турција

Веднаш по 3:1 победата над Турција со која Португалија обезбеди финален бараж со Македонија за пласман на СП во Катар, португалскиот селектор Фернандо Сантош стресот го реши со палење на цигара.

И покрај резултатот, мечот не беше толку едностран, откако Португалците прво поведоа со 2:0 во првото полувреме, пред Бурак Јилмаз во 65. минута да намали на 2.1, за во 85. минута да биде досуден пенал за гостите, кој Јилмаз го упати високо над голот. Во судското продолжение, Нунеш ја запечати победата и Сантош мораше да здивне.

Да се надеваме дека следната недела на 67-годишниот стручњак ќе му биде потребна цигара да се помири со поразот од Македонија.

Scroll to Top