Top Sport

Беше на прегледи во Евертон, ама ќе потпише за Тотенхем

Арно Данџума се враќа во Англија, но нема да го носи дресот на Евертон, туку во последен момент ќе го засили Тотенхем. Неочекуваниот пресврт се случи денеска, откако „карамелите“ веќе се договорија со Вилјареал, а самиот напаѓач беше на лекарски прегледи и во секој момент требаше да потпише договор.

Сепак, Тотенхем во последен момент се договори со шпанскиот клуб да го доведе Холанѓанецот на позајмица, а фудбалерот виде поголем предизвик да го носи дресот на Тотенхем, отколку да се бори за опстанок со Евертон.

Данџума има искуство во Премиерлигата каде што играше за Борнмут во сезоната 2019/20 година.

Scroll to Top