Top Sport

Беше желба на Милан, а би можел да заврши во Јувентус

Италијанскиот калчолигаш Јувентус сака да го реновира средниот ред за следната сезона, а влезе во акција за трансфер на фудбалер кој веќе со едната нога беше во Милано. Португалскиот интернационалец Ренато Санчес нема да дојде на „Сан Сиро“, Паоло Малдини се откажал од трансферот, а во трката се вклучила „старата дама“.

Ренато Санчес има договор со Лил до лето следната година, а веќе му соопштил на клубот дека не сака да ја продолжи соработката, па ќе биде продаден во претстојниот летен преоден рок.

Неговата моментна цена е 30 милиони евра, но Јувентус се надева дека ќе може да ја спушти отштетата со оглед дека фудбалерот влегува во последната година од договорот.

Scroll to Top