Top Sport

Бешикташ демантираат дека има клаузула за Вегхорст да замине во Јунајтед

Турскиот гигант Бешикташ ги демантираше шпекулациите дека постои клаузула за раскина на позајмицата на Вут Вегхорст, со која Манчестер јунајтед можат да го купат холандскиот напаѓач, кој изненадувачки станаа прва мета на Ерик Тен Хаг во јануарскиот преоден рок.

Вегхорст официјално е играч на англискиот второлигаш Барнли и игра во Турција како позајмен играч и Бешикташ инсистира дека Јунајтед мораат да преговараат со нив ако го сакаат трансферот.

„По мечот против Касимпаша во Суперлигата имаше потреба да објавиме демант на шпекулативните вести за нашиот фудбалер Вут Вегхорст. Тврдењето дека постои отпусна клаузула со компензација од 2.5 милиони евра ако има понуда од Премиерлигата е неосновано. Исто така, вестите дека тој утре ќе замине од клубот се невистинити. Доколку има друг развој, јавноста ќе биде известена“, велат од Бешикташ.

Scroll to Top