Top Sport

Фјури против Усик во март?

Најочекуваната борба во светот на боксот за обединување на сите појаси во тешка категорија меѓу Тајсон Фјури и Олександар Усик би можела да се одржи во март оваа година.

Френк Ворен, промоторот на Фјури, рече дека на тимот на Усик му бил испратен нацрт-договор. Се очекува Украинецот и неговиот тим да испратат одговор што е можно поскоро.

„Направивме се што можеме, сега очекуваме брз одговор бидејќи ни истекува времето“, рече Ворен.

Фјури моментално го држи појасот во тешка категорија во верзијата ВБЦ, додека Усик е шампион на верзиите ВБА, ИБФ и ВБО.

Се уште не е позната локацијата на која ќе се одржи борбата, но Ворен има јасен став и по ова прашање.

„Ќе се бориме онаму каде што ќе понудат најмногу паи. Тоа е јасно. Би сакал да биде на Вембли, но тоа не значи ништо. Мухамед Али отиде во Заир и во Манила. Кој ќе понуди најмногу, таму ќе одиме“, изјави Ворен.

Scroll to Top