Top Sport

Бешикташ ќе ја раскине соработката со Пјаниќ

Бешикташ има намера да ја раскине соработката со Миралем Пјаниќ. Играчот неодамна беше исфрлен од репрезентацијата на Босна и Херцеговина, тој во финишот на летниот преоден рок дојде на позајмица од Барселона.

Турските медиуми тврдат дека во Бешикташ не се задоволни од физичката подготвеност и формата во која се наоѓа фудбалерот.

Пјаниќ досега настапил на 11 натпревари за Бешикташ, нема постигнато гол, успеал да забележи четири асистенции.

Прашање е што ќе биде со Пјаниќ бидејќи Барселона не смета на неговите услуги.

Scroll to Top