Top Sport

Облак е клучниот играч за Атлетико

Јан Облак, а не Антоан Гризман, според шпанските медиуми е играч на натпреварот Порто –Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“, синоќа во Порто славеа со 3:1 и се пласираа во осмина-финалето во Лигата на шампионите.

Шпанските медиуми во суперлативи го опишуваа настапот на Облак, потенцирајќи дека како и многу пати досега бил клучната фигура во својот тим.

Тие потенцираат дека Атлетико не ја започна најдобро оваа сезона, но дека партијата на облак може да значи надеж за вториот дел од сезоната.

Особено ги истакнуваат одбраните на Облак против Тареми при резултат 0:0. Во првото полувреме Словенецот лесно се справи со удари на Грујиќ.

Scroll to Top