Top Sport

Греем Сунес во солзи по смртта на неговиот поранешен соиграч и пријател Вијали

Поранешниот шкотски фудбалер, Греем Сунес, човекот познат како бескомпромисен на теренот, ја покажа својата поинаква страна откако му оддаде почит на својот поранешен соиграч и пријател Џанлука Вијали, откако Италијанецот почина на 58 години по борбата со ракот на панкреасот.

Вијали, како фудбалер освои титула со Сампдорија каде што беше соиграч со Сунес, а потоа со Јувентус ја освои и Лигата на шампионите, пред да игра и за Челси, каде што стана тренер и беше популарен меѓу фановите. Вијали исто така одигра 59 меча за Италија и работеше како помошник на уште еден негов поранешен соиграч, Роберто Манчини во италијанската репрезнтација до пред неколку месеци. Нему прво му беше дијагностициран рак во 2017, пред оваа година да му се врати болеста.

„Не можам да ви кажам колку добар човек беше тој. Заборавете на фудбалот, тој беше прекрасна душа, навистина добро човечко суштество. Беше прекрасно да бидете во негово друштво, полн со шеги, полн со љубов. Луѓето ќе зборуваат за неговите фудбалски квалитети, и тоа со право, но јас ќе се потсетам на тоа каков човек беше. Моето сочувство оди кон неговото семејство, кон децата кои беа благословени што имаа таков татко. Не забележав дека е болен кога беше тука во Англија со Италија на ЕП, но тоа е типично за него, работите ги држеше во себе, не сакаше да им биде товар на другите“, изјави Сунес.

Scroll to Top