Напаѓачот на белградска Црвена звезда Рочмонд Боачи ќе биде еден од најбараните фудбалери во зимскиот преоден рок. Интернационалецот од Гана за Црвена звезда, оваа сезона, има постигнато 22 гола на 27 натпревари.
Неколку екипи од Премиер лигата (ВБА и Њукасл, едно време се спомнуваше и Челси), француски Рен, белгиски Андрелехт, ЦСКА Москва и сега Бешикташ ќе влезат во трката з апотписот на Боачи.
Боачи во Црвена звезда пристигна во јануари годинава од Латина на едногодишна позајмица. Латина во меѓувреме згасна како клуб така што Боачи како слободен играч потпиша тригодишен договор со Црвена звезда. Неговата цена на фудбалскиот пазар се движи помеѓи седум и 10 милиони евра.
Последен кој влезе во трката за неговиот потпис е турскиот шампион Бешикташ, кој ќ игра во осмина-финалето во Лигата на шампионите.
Бешикташ сака да го позаијми Боачи до крајот на сезоната, а во летниот преоден рок да го откупи неговиот договор за девет милиони евра.