Top Sport

Бетис едвај до реми со Хетафе во меч со два пенали (видео)

Реал Бетис едвај спаси 1:1 реми со Хетафе во меч кој го заврши со 10 играчи и во кој гостите ја контролираа играта во поголемиот дел.

Хаиме Мата донесе водство за Хетафе во 15. минута со удар од белата точка, а само десет минути подоцна Вилијам Карваљо доби црвен картон, правејќи ја задачата за Бетис многу потешка. Сепак, тимот на Руби, успеа да израмни, исто така со гол од пенал во 73. минута, кога Хоакин беше прецизен. Бетис го заврши мечот со 9 играчи откако Лорен во 94. минута доби директен црвен за удар со лакт.

ЛА ЛИГА, 4.КОЛО

Еибар – Еспањол 1:2

Алавес – Севилја 0:1

Селта Виго – Гранада 0:2

Валјадолид – Осасуна 1:1

Реал Бетис – Хетафе 1:1

Scroll to Top