Top Sport

Шпанците му нудат пасош на Ансу Фати

Почетокот на новата сезона во Шпанија му припаѓа на тинејџерот од Барселона, Ансу Фати. 16 годишникот е производ на фудбалската школа на Барселона „Ла Масија“. Досега настапил на три натпревари и има постигнато два гола.

Добрите настапи на талентираниот фудбалер ги забележале во Фудбалскиот сојуз на Шпанија. Челниците на ова организација ќе се обдат да го убедат Фати да настапува за нивниот национален тим.

Фати е од Гвинеја Бисао, во Шпанија пристигнал на шест годишна возраст, а во академијата на Барселона е од 2012 година. Се уште нема настап за ниту еден национален тим.

Тим-менаџерот на Шпанија, Роберто Морено, рекол дека во Сојузот работат на „случајот Фати“ и очекувал наскоро тинејџерот да дебитира за некога од шпанските национални селекции.

Интересно дека Фати има право да настапува и за Португалија, доколку се реши за нешто такво. Португалија на жителите на Гвинеја Бисао м нуди државјанство.

Scroll to Top